x

НАТПРЕВАР НА ДЕНОТ: Ќе најде ли Жозе начин да го победи Челзи на „Стемфорд бриџ“?

mourinho-lampard

Челзи против Тотенхем е натпреварот на денот. Два лондонски клуба кои претендираат за титула ќе се сретнат на „Стемфорд Бриџ“ и очекуваме спектакуларен меч. Челзи нема пораз на 13 натпревари по ред во сите конкуренции (осум победи, пет ремија). Челзи е на третото место со 18 бода, а Тотенхем е втор со 20.

Во случај Тотенхем да победи ќе го забележи најдобриот старт во Премиер лигата после онаа во 2011/12 кога под водство на Хари Реднап „спарс“ освоиле 22 бода по првите 10 кола.

Но има еден проблем. Стратегот на Тотенхем Жозе Мурињо веќе пет меча по ред не го совладал Челзи на „Стемфорд Бриџ“. Последен пат тоа го направил со Интер во 2010 година. Од тогаш португалскиот стратег нема идеја како да го турне својот поранешен клуб на нивен терен.

Жозе очекува Бегвајн, Лорис и Ло Селсо да му се на располагање после ситните повреди од мечот со Лудогорец во Лига Европа во четвртокот. Дефинитивно екипата од северен Лондон ќе игра без Алдервејрелд на кого му треба подолга пауза за да ја залечи повредата. Од истите причини ќе го нема и Ерик Ламела.
Кај Челзи се враќа Пулишиќ со што Лампард ќе има опција плус на крилните позиции.

Последните три меѓусебни дуели на „Стемфорд Бриџ“ завршија со победи на Челзи (две во првенството 2:1 и 2:0 и еднаш во Лига купот 3:1).

Тотенхем славеше на гости кај Челзи со 3:1 во април 2018 година кога на клупата на „спарс“ седеше Маурицио Покетино. Всушност таа победа беше прва во последните 34 гостувања на „Стемфорд Бриџ“ во сите конкуренции почнувајќи од 1990 година.

ПРЕМИЕР ЛИГА, 10.коло
ЧЕЛЗИ – ТОТЕНХЕМ
недела, 17:30 ч.

НАШИ ПРЕДЛОЗИ ЗА ОБЛОЖУВАЊЕ: ГГ и 3+

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата