x

НАТПРЕВАР НА ДЕНОТ: Јуве oд втор обид го заверува „скудетото“

juve-samp

Меч на денот е Јувентус – Сампдорија. „Старата дама“ пропушти да ја запечати деветтата шампионска титула по ред минатото коло на гостувањето кај Удинезе (водеше со 0:1, па изгуби 2:1). Сега на домашен терен со победа над Сампдорија ќе го направи тоа.

Сампдорија во претходното коло изгуби од градскиот ривал Џенова (1:2) и така ја прекина серијата од три едноподруго победи.

Иако Јувентус не делува убедливо по рестартот на сезоната, игра топло-ладно, но конкурентите не го искористија тоа и така „Старата дама“ се најде во ситуација да го зграпчи шампионскиот пехар.

Да кажеме по рестартот екипата на Јувентус и дава, но и прима многу голови. На пример изгуби од Милан (4:2), со Аталанта одигра 2:2, со Сасуоло 3:3…

За денешниот меч Јуве нема да смеа на услугите на Киелини, Коста, Де Шиљо, Кедира кои одамна се повредени, а неизвесен е Игуаин кој има повреда на грбот. Сампдорија е без повредените Д’Амико, Екдарл додека поради жолти картони ќе паузираат Коли и Виеира.

Јувентус ги доби претходните четири средби со Сампдорија на домашен терен и на секој постигнувашше најмалу по два гола. И сега очекуваме нивен триумф и барем два гола во мрежата на „морнарите“.

СЕРИЈА А, 36.КОЛО

ЈУВЕНТУС – САМПДОРИЈА
недела, 21:45 ч.
НАШИ ПРЕДЛОЗИ: 1&2+ и 1-1

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата