x

НАТПРЕВАР НА ДЕНОТ: Шпанија и Германија во дуел за првото место во групата

germanija-spanija-e1605550032493

Германија ја совлада Украина со 3:1, додека Шпанија ремизираше со Швајцарија 1:1 во 5. коло од групната фаза на Лигата на нациите, па ситуацијата на табелата е следна. Германија е прва со девет бодови, а бод помалку има Шпанија. Токму овие две селекции во меѓусебен дуел вечерва ќе одлучуваат за првото место на табелата и пласман во нокаут фазата во А сегментот.

Натпреварот се игра на стадионот „Ла Картуха“ во Севиља.

Шпанија ќе го нема Серхио Бускетс, Ансу Фати, Хесус Навас поради повреди, додека Германците се без Кимих, Џан, Хофман и Шулц кои се повредени, а Ридигер е суспендиран поради картони. Во тимот кај „Панцерите“ се враќа Тони Крос кој одлежа суспензија од еден меч и ќе го заземе средниот ред.

Германците се во серија од 12 натпревари без пораз од септември 2019 година, а серијата на Шпанците е само три меча по оној пораз од Украина во Киев.

Претходниот меѓусебен дуел во септември заврши со 1:1, а и пред тој пријателскиот заврши со истиот резултат. Всушност на последните пет натпревари меѓу овие два противници во сите конкуренции имало 0-2 гола. Но сега очекуваме повеќе голови.

ЛИГА НА НАЦИИ

ШПАНИЈА – ГЕРМАНИЈА
вторник, 20:45 ч.

НАШИ ПРЕДЛОЗИ: ГГ или 3+

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата