x

НАТПРЕВАР НА ДЕНОТ: „Црвените“ нема да застанат

Освоен е светот, па сега атак на титулата во Премиер лигата. Ливерпул претходната сабота во Катар го освои единствениот трофеј кој му недостасуваше во витрините, бидејќи првпат во историјата стана планетарен шампион. Триумфот над Фламенго им вбризга на фудбалерите на Јирген Клоп дополнителна доза на самодоверба пред вториот дел од сезоната во Премиер лигата и првото наредно големо гостување – против најблискиот конкурент Лестер во рамките на 19. коло.

„Црвените“ пред излегување на теренот во Доха, имаа уште една причина за славење. Третопласираниот Манчстер Сити му зема мерка на Лестер на „Етихад“ и им овозможи на „Црвените“ мечот со „Лисиците“ да го чекаат на безбедна далечина (10 бодови).

АНГЛИЈА 1 – 19. коло

ЛЕСТЕР – ЛИВЕРПУЛ
Четврток 21.00
Шифра: 2014

ПРЕДЛОЗИ
КМБ 2&3+           2,90
КМБ 2&ГГ            3,50
* Квотите подлeжат на промени

КВОТИТЕ ЗА НАТПРЕВАРОТ ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ ОВДЕ

Гостувањето на „Кинг пауер„ стадионот може да претставува одлучувачки чекор кон толку посакуваната шампионска титула која речиси три децении го заобиколува градот на Битлси. Потенцијалната победа би им ја отворила вратата на рајот. Но мора да внимаваат затоа што не поминуваа најдобро на ова гостување. Лестер на три од петте претходни домашни дуели со екипата од Ливерпул славеше со два или повеќе голови разлика, а моментално е на бројката 11 средби без пораз како домаќин. Меѓутоа сега има работа со неуморниот Ливерпул кој е во серија од осум лигашки победи и не знае за првенствен пораз веќе 34 натпревари.

Освоена е Европа, па УЕФА Суперкупот, па Светскиот клупски шампионат… Ливерпул нема да застане!

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата