x

НАТПРЕВАР НА ДЕНОТ: Цирих поради корона со У21 против Базел

Денеска во рамките на швајцарската Суперлига играат Базел и Цирих. Базел има мали шанси да стигне до врвот и титулата, но се додека постојат ќе се бори за тоа. Затоа е многу важно да победи вечерва против Цирих. А шансите за тоа се огромни. Зошто?

Затоа што, според најавите, Цирих вечерва ќе истрча со младинскиот тим, оној до 21 година затоа што првиот тим е во карантин. Саботниот нивен мече беше одложен откако неколку нивни членови биле позитивни на коронавирусот, вклучувајќи го и дефанзивецот Мирлинд Криези. Па тка тренерот Лудовик Мањин ќе излезе со младинска екипа и покрај тоа што грчевите се бори од шестото место да скокне на позициите кои водат во Лига Европа (четвртата позиција е последна).

До крајот на шампионатот Цирих во наредните две кола ќе игра уште со Јанг Бојс и со Ст.Гален првите две екипи на табелата. Лидер во швајцарската Суперлига е Сент Гален со 59 бодови, еден повеќе од вториот Јанг Бојс и седум повеќе од третиот Базел.

 

ШВАЈЦАРИЈА 1
БАЗЕЛ – ЦИРИХ
вторник, 20:30 ч.
НАШИ ПРЕДЛОЗИ: КМБ 1&4+, ДП 11, СП 1

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата