x

НАТПРЕВАР НА ДЕНОТ: Украина нема победа над Германија, а така и ќе остане

1583259274_839416_1583261784_noticia_normal_recorte1

Украина-Германија е дуелот на денот. Ова е меч од групите на Лигата на нациите, а влегуваат во клинч после разочарувачките резултати во средата: Украина изгуби од Франција со 7:1, додека Германија ремизираше со Турција 3:3 во Келн.

Украина и Германија ќе се соочат на Олимпискиот стадион во Киев. Германија ремизираше на трите претходни натпревари, освен со Турција (3:3), одигра реми со Швајцарија и Шпанија со идентинчни 1:1.

Украина нема изгубено на свој терен од октомври 2017 година. Последен пат пленот го однесе Хрватска (0:2) во квалификациите за СП 2018.

А Украина се уште нема триумф над Германците. Во шесте досегашни дуели Три победи на Германија и три ремија. Последниот дуел, на ЕП 2016 Германија го доби со 2:0.

Украинците имаа и проблеми со составот. Поради повреди Шевченко не ги повика Зинченко од Манчестер Сити, централниот бек Микола Матвијенко и халфовите Конопљанка и Степаненко, сите од Шахтјор, додека Циганков, Патов, Лунин и Панкив се позитивни на КОВИД-19.

Германија ќе нема помош од Тер Штеген кој е повреден, како и Суат Сердар кој не е спремен за игра. Но затоа Јоаким Лев повика нови играши Мамуд Дауд, Јонас Хофман и Флоријан Нојхаус кои дебитираа против Турција во средата.

 

ЛИГА НА НАЦИИ

УКРАИНА – ГЕРМАНИЈА
сабота, 20:45 ч.

НАШИ ПРЕДЛОЗИ: КТ 2 и КМБ 2&2+

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата