x

НАТПРЕВАР НА ДЕНОТ: Сити преку Арсенал оди во финале на ФА купот

Арсенал на овој мегдан од полуфиналето на ФА купот доаѓа после триумфот над Ливерпул (2:1) во Премиер лигата. Таа победа им ја крена самодовербата на „топчиите“ кои сега ќе атакуваат на трофејот во ФА купот откако разочараа во Премиер лигата и се наоѓаат надвор од местата кои водат во Европа идната сезона.

А Манчестер Сити остана без шампионскиот трофеј, а исто така ќе атакува на оние што им останаа во ФА купот и ЛШ. Претходно го освоија Лига купот.

Па така вечерва на „Вембрли“ Арсенал и Манчестер Сити влегуваат во клинч во полуфиналето на ФА купот.

Чемберс, Гендузи, Лено, Мари, Мартинели, Озил се недостапни за тренерот на Арсенал Микел Артета, додека Пеп Гвардиола нема да смета на повредените Браво и Агуеро.

Да кажеме дека Сити ги доби претходните седум пресметки во Арсенал од кои шест беа во премиер лигата, а еден во Лига купот и сите со најмалку два постигнати гола. Но затоа во последниот меѓусебен дуел во ФА купот во април 2017 „топчиите“ во полуфиналето славеа со 2:1 со гол на Санчез во продолженијата откако во регуларниот дел беше 1:1.

Ние сметаме дека Сити сега ќе отиде во финалето, меѓутоа квотата е мала па ќе се потпреме на опција на голови.

ФА КУП ПОЛУФИНАЛЕ
АРСЕНАЛ – МАН. СИТИ
сабота, 20:45 ч.

НАШИ ПРЕДЛОЗИ: ГГ3+ и ПГ 2

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата