x

НАТПРЕВАР НА ДЕНОТ: Сити му е кошмар на Арсенал

Конечно дочекавме продолжение на Премиер лигата, а веќе во првото коло ќе гледаме интересен дуел меѓу Манчестер Сити и Арсенал. Знаете и самите дека бранителот на шампионската титула има огромен дефицит во однос на водечкиот Ливерпул (25 бодови, со меч помалку), но погрешно би било да се очекува од екипата на Пеп Гвардиола да повлече рачна, затоа што тука е борбата со Лестер за второто место, а сигурно и намерата да го одложи славјето на Ливерпул што е можно подолго.

„Граѓаните“ пред принудната пауза доживеаа пораз на „Олд Трафорд“ (2:0), но малку пред тоа славеа против Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“ (2:1) во првиот меч од осминафиналето на Лигата на шампионите. Сити оваа сезона веќе го освои Лига купот, а освен реваншот во најсилното натпреварување во Европа од кое му се заканува елиминација на две години (ќе се знае во јули) му претстои и дуел од четвртфиналето на ФА Купот во Њукасл (на крајот на јуни).

АНГЛИЈА 1 – 28.коло

МАН. СИТИ – АРСЕНАЛ
Среда, 21.15
Шифра: 2013

Наши предлози
КТ           1              1,38
КМБ      1+I&2+II       1,93
* Квотите подлeжат на промени

СИТЕ КВОТИ ЗА НАТПРЕВАРОТ ЌЕ ГИ НАЈДЕТЕ НА САЈТОТ НА MOZZARTBET.MK ИЛИ НА ОВОЈ ЛИНК

Значи, оваа сезона не мора да биде сосема неуспешна за каталонскиот стручњак, но и на него, и на сите други колеги голем проблем ќе претставува згуснатиот распоред.

Добра вест за менаџерот на домашните пред дуелот со „топчиите“ е тоа што нема кадровски проблеми, за разлика од Микел Артета кој нема да може да смета на Калум Чемберс, Лукас Тореира и Седрик Соареш. Арсенал се бори за место во Лигата на шампионите и триумф на овој меч многу ќе му ја олесни задачата, меѓутоа, ги изгуби шесте последни меѓусебни дуели како во првенството, така и во Лига купот, а на „Етихад“ нема победено од јануари 2015 година.

Поради тоа бираме единица  и комбинација 1+I&2+II.

ИНТЕРЕСНО

* Сити победил на последните шест лигашки и куп натпревари против Арсенал, што е нивна најдолга победничка серија на „топчиите“.

* Пеп Гвардиола никогаш не изгубил од Арсенал на домашен терен во својата кариера (шест победи од седум натпревари).

* Арсенал нема пораз во Премиер лигата во оваа година (четири победи и четири ремија), само уште една екипа од Топ 4 дивизиите во Англија не изгубиле во оваа календарска година, а тоа е Ковентри.

* Напаѓачот на Арсенал Александре Лаказет не постигнал гол на последните 13 премиерлигашки гостински натпрвеари.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата