x

НАТПРЕВАР НА ДЕНОТ: Сити е кадарен за триумф на „Бернабеу“

После четири години се вкрстија патиштата на Реал и Манчестер Сити. Тогаш се сретнаа во полуфиналето на Лигата на шампионите и благодарение на автогол (1:0, 0:0), Шпанците отидоа до финалето. Сега силите ќе ги одмерат во осминафиналето, па така кој и да испадне, за него европската сезона ќе биде неуспешна.

Во какви форми се тимовите? Реал е во проблеми. Не ги доби последните два првенствени натпревари и тоа против тимови од долниот дел на табелата: ремизираше со Селта (2:2), па изгуби од Леванте (1:0). Од друга страна, Манчестер Сити се врати на успешните патеки, впиша две победи во Премиер лигата и тоа без примен гол – против Вест Хем (2:0) и Лестер (1:0).

ЛШ – 1/8 финале
(први натпревари)

РЕАЛ МАДРИД – МАН. СИТИ
среда 21.00
Шифра: 6410

ПРЕДЛОЗИ
ДШ X2  1,44
КМБ      X2&2+   1,63
* Квотите подлeжат на промени

СИТЕ КВОТИ ЗА НАТПРЕВАРОТ ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ НА ОВОЈ ЛИНК

Ни кадровската ситуација не му оди во прилог на Реал. Во составот ќе го нема Еден Азар кој ќе паузира два месеци, а прашање е колку е спремен Герет Бејл, кој поради болест го прескокма последниот натпревар, а истото важи и за Лука Јовиќ.

Кај Сити, Ајмерик Лапорт би требало да биде во составот, иако во дуелот со Лестер излезе од игра во второто полувреме поради повреда, а се очекува да биде спремен и Рахим Стерлинг, кој се опоравуваше од проблемите со задната ложа од мечот со Тотенхем. Во тимот сигурно подолго време ќе го нема повредениот Лирој Сане.

Реал може да се потпре на фактот дека никогаш до сега не изгубил од Манчестер Сити. Два пати играле на „Сантијаго Бернабеу“ и два пати славеле Шпанците (1:0 и 3:2), додека два пати на Островот било нерешено (0:0, 1:1).

Адутот на кој се потпираат „граѓаните“ е  – Пеп Гвардиола. Шпанскиот стручњак знае како се победува Реал: 17 пати како тренер го водел кралскиот клуб и оствари биланс од девет победи и по четири ремија и порази.

Делува дека Сити е во подобра форма од Реал во моментов и дека сега може да помине без пораз.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата