x

НАТПРЕВАР НА ДЕНОТ: Редно е да му тргне на Арсенал

Управата на Арсенал му врачи отказ на Емери пред само пет дена и не можеме да кажеме дека тоа беше некое изненадување, бидејќи очекувавме таква одлука. На клупата привремено седна Фреди Љунгберг кој освои само бод на гостувањето кај Норич (2:2). Сега има шанса да ја запише првата победа затоа што е апсолутен фаворит против Брајтон и покрај тоа што формата во последно време не е на задоволувачко ниво.

АНГЛИЈА 1 – 15.коло

АРСЕНАЛ – БРАЈТОН
Четврток, 21.15 ч.

ПРЕДЛОЗИ
КМБ 1-1&3+
ТГГ ГГ

СИТЕ КВОТИ ЗА НАТПРЕВАРОТ ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ ОВДЕ

Кршливата одбрана им дозволува гостите да постигнуваат голови, а во неколку случаеви напаѓачите не можеа да ја надополнат лошата игра на дефанзивците. Арсенал нема победа осум натпревари (во сите конкуренции) што е најдолга серија после февруари 1992 година и тимот предводен од Џорџ Грем. Ако и вечерва не успеат тогаш „топчиите“ ќе нанижат седум натпревари без победа и тоа за првпат по март 1977 под водство на Тери Нил.

Моменталното бодовно салдо им е 14 бодови и ја држат 14. позиција на табелата. Тоа е најнизок пласман во Премиер лигата уште од 1994 кога биле дури 12-ти.

Брајтон никогаш не победил на гостување кај Арсенал во 19 натпревари во сите конкуренции. Последните осум гостувања на „Емирати“ ги завршил со шест порази и две ремија и гол разлика 2:17.

Но на Арсенал мора да му тргне. Доста е чекаше и спиеше. Иако ќе ги нема на располагање Себаљос, Белерин и Холдинг поради повреди, лондончани се апсолутни фаворити против „галебите“ од Југот. Плус Брајтон има шест едноподруго натпревари во гости без победа од кои последните четири им се порази.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата