x

НАТПРЕВАР НА ДЕНОТ: Пандев против „нероаѕурите“

pandev2-1

Во последните две кола се чини дека Џенова фати ритам. Двете победи го смирија малку и сега не трепери толку за опстанокот. Победите над директниот конкурент Лече и над Сампдорија (со идентични 2:1) го оставија на 17. место но со четири бода повеќе од Лече кој е веднаш под нив во опасната зона. Таква е состојбата за „Грифони“ по 35. кола.

Вечерва Пандев и другарите ги очекува пресметка со Интер кој атакува на второто место на табелата. Значи македонскиот капитен против својот поранешен клуб со кого не само што стана италијански туку стана и европски и светски клупски шампион.

„Нероаѕурите“ веќе можеа да скокнат на второто место да не беа двете ремија во последните две кола. 2:2 против Рома и без голови против Фиорентина ги оставија зад Аталанта. Јасно е дека Интер е поквалитетен меѓутоа Џенова е тотално непредвидлива, па не треба лесно да се отпише.

Да кажеме дека Интер ги доби трите претходни меѓусебни дуели со гол разлика 13:0 (еднаш 5:0 и два пати по 4:0). Џенова последен пат славеше над Интер во февруари 2018, тогаш и Горан Пандев постигна гол во победата од 2:0.

 

СЕРИЈА А, 36.коло

ЏЕНОВА – ИНТЕР
сабота, 19:30 ч.
НАШИ ПРЕДЛОЗИ: 2-3 и КМБ 2&2-4

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата