x

НАТПРЕВАР НА ДЕНОТ: Оваа сезона во Рим се носи небесно-сино

Дерби дела Капитале, односно дербито на главниот град на Италија го играат ривалите кои ја заземаат третата и четвртата позиција на табелата во Серија А. Но, обрнете внимание на неколку факти! Прво: Рома има дури седум бодови помалку од противникот. Второ: Лацио има само два бода помалку од второпласираниот Интер, а одигра и меч помалку од „нероаѕурите“ и лидерот Јувентус. Трето: момците на Симоне Инзаги моментално се во најдобра форма во шампионатот! Последниот пораз Лацио го доживеа на 25. септември, на гости кај Интер, а сега е во серија од 11 победи, односно 14 кола без неуспех. Четврто: Лацио е единствена екипа во Европа која во 2019. година два пати успеа да ја совлада „Старата дама“.

ИТАЛИЈА 1 – 21.коло

РОМА – ЛАЦИО
Недела, 18.00
Шифра: 1017

Наши предлози
КТ           2              2,60
ТГГ          ГГ3+       1,67
КМБ      1+I&2+II       1,97
* Квотите подлeжат на промени

Првиот пат шампионот падна пред небесно-сините во првенството на почетокот на декември, а вториот пат во Суперкупот на Италија две недели подоцна, и тоа во двата случаи беше 3:1. Сето тоа им дава огромна психолошка предност на гостите, па ќе биде изненадување доколку не ги освојат трите бода.

Секако, кога се работи за градските (и другите) дербија актуелната форма може да лаже, често момент на инспирација знаел да го одлучи мечот. Нивниот септемвриски дуел заврши со поделба на бодовите, а на два меча претходно имаа единици со многу погодоци. Ни сега не би било изненадување ако има многу голови на двете страни, иако и едните, и другите во текот на претходната седмица играа тешки дуели во Купот на Италија (Лацио во вторникот изгуби во Неапол со 1:0, додека Рома во средата изгуби од Јувентус со 1:3).

И двете екипи имаат проблеми со повредени играчи. Тренерот на Рома Пауло Фонсека нема да може да смета на Мхитарјан, Пасторе, Заниоло и Запакоста, додека под знак прашалник се Фацио, Антонучи и Пероти. Симоне Инзаги ќе биде без услугите на Џордан Лукаку и Каталди, додека Марушиќ би можел да биде спремен барем за едно полувреме.

Рома има подобар биланс во меѓусебните дуели и тоа е единствено нешто што во овој момент е на нејзина страна, а се друго му е наклонето на Лацио. Да бидеме искрени, и ние сме уверени во победа на гостинската екипа – едноставно, во последно време игра толку добро што се наметна како сериозен кандидат да ги симне „бјанконерите“ од тронот. Меѓутоа, доколку се сомневате во двојката, а не навивате за „волчицата“ определете се за ГГ3+ бидејќи во претходните години тој тип често го имаше на нивните дуели, или пробајте со МОZZART комбинација 1+I&2+II.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата