x

НАТПРЕВАР НА ДЕНОТ: Мадрид спремен за шампионско славење

Четата на Зинедин Зидан може да ја освои првата шампионска титула по 2016/17 со победа над Виљареал вечерва. За „кралевите“ ова е најсериозниот тест по рестартирањето на сезоната, а вечерва Мадрид очекува лесен триумф над екипата која со поразот од Сосиедад пред неколку дена ги загуби шансите за Лигата на шампионите но се уште има за во Лига Европа.

Реал направи одлична серија на победи. По паузата ги доби сите дуели (девет), на не гледаме дека ќе биде поинаку против „жолтата подморница“. А и да киксне Реал има уште една шанса за да ја завери титулата, победа во гости над Леганес во последното коло.

Реал финишот на сезоната го игра на стадионот „Алфредо ди Стефано“ без публика поради коронавирусот, а воедно и нивниот главен стадион се реконструира.

Виљареал со многу проблеми доаѓа во Мадрид. Поради повреди неизвесни се Бака, Барбоса, Гуера и Мори. Кај Реал единствено Начо и Марсело имаат проблеми со повреди.

ШПАНСКА ЛА ЛИГА
РЕАЛ МАДРИД – ВИЉАРЕАЛ
четврток, 21:00 ч.
НАШИ ПРЕДЛОЗИ: КМБ 1&3+ и ГГ

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата