x

НАТПРЕВАР НА ДЕНОТ: Ливерпул по единствената круна која му недостасува

После многу време ќе имаме клупско финале што ветува. Претходните години Европјаните воглавно беа прејаки за Јужноамериканците на кои им се случувало да испаднат и пред финалето како на пример што му се случи на Ривер минатата година.

Звучи чудно, но Ливерпул нема ниту една светска титула и ова му е единствениот трофеј што му недостасува во богатата историја. До сега изгуби три финалиња за светската круна и по тоа е неславен рекордер, а едно од нив е токму против Фламенго во 1981. година. „Рубронегри“ тогаш предводени од легендарниот Зико ги растурија „црвените“ со 3:0 и ја освоија планетарната титула. Од таа генерација, Фламенго не успеваше да стане Јужноамерикански шампион се до оваа година кога во финалето на турнирот го совлада минатогодишниот првак Ривер Плјет и така обезбеди пласман на СП за клубови во Катар.

ФИФА КЛУПСКО СП – Финале

ЛИВЕРПУЛ – ФЛАМЕНГО
Сабота, 18.30
Шифра: 6402

Наши предлози
ВГ 0-2    2,29
КТ X       3,70
* Квотите подлeжат на промени

Ливерпул шест пати бил европски првак, а ниту еднаш не ја освоил светската титула. Ливерпул одбил да ги игра двете финалиња во 1977 и 1978 година од политички причини. Во 1981 година изгубил од Фламенго, во 1984 од Индепендиенте, а во 2005 од Сао Пауло. Ќе видиме како ќе помине денеска.

Ливерпул секако е фаворит против најпопуларниот бразилски клуб, но не толку колку што беа Реал Мадрид или Барселона во финалињата претходните години. Првпат после неколку години делува дека Јужноамериканците навистина имаат добра шанса да ја прекинат шестгодишната доминација на Европјаните. Последен пат тоа му пошло од рака на Коринтијанс против Челси.

Ливерпул во полуфиналето со многу мака успеа да го совлада мексиканскиот Монтереј со голот на Фирмино во судиското надополнување (2:1). Оправдание за Јирген Клоп може да биде тоа што излезе без шестмина стартери. Во финалето се очекуваат и Мане, Фирмино, Ван Дајк, Арнолд…

Што се однесува до Фламенго, и тие се помачија, но го свртеа резултатот против Ал Хилал од Саудиска Арабија. Јунак беше напаѓачот Бруно Енрике кој даде гол и запиша асистенција и беше прогласен за играч на натпреварот.

Бразилците имаат огромен мотив, а ќе имаат поддршка од околу 15.000 навивачи кои најдоа начин како од Рио да поминат 11.500 километри за да стигнат до Доха. Португалскиот стручњак Жорж Жесус има искуство против екипи како Ливерпул и веројатно има тактика против Клоп.  Од неговото доаѓање, Фламенго процвета и првпат во клупската историја ги обедини титулите шампион на Јужна Америка и шампион на Бразил. Светската круна би била хет-трик за сите времиња.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата