x

НАТПРЕВАР НА ДЕНОТ: Леванте никогаш нема победено на „Местаља“

valencia-levante

Во првото коло на шпанската Ла Лига фантастичен меч. На мегдан градските ривали Валенсија и Леванте. Македонскиот репрезентативец Енис Барди во дресот на Леванте против четата на тренерот Хавиер Грациа.

Валенсија ова лето го продаде најдобриот напаѓач Роберто Морено, а сегашниот тим, барем на прв поглед, не влева страв и трепет. Точно дека има неколку квалитетни и искусни играчи, но Леванте може да одговори на предизвикот.

Валенсија ќе биде без Силесен, Жасон и Гамеиро поради повреди, а Леванте нема проблеми со составот.

Минатата сезона на „Местаља“ нивниот меѓусебен дуел заврши 1:1. Претходно Валенсија два пати го победуваше соседот.

На шесте претходни меѓусебни натпревари поминуваше ГГ, а на четири од нив ГГ3+. Леванте никогаш нема победено на „Местаља“. Тоа е неверојатен податок и мотив повеќе за Барди и колегите да заиграат цврсто и да ја прекинат оваа традиција.

ШПАНИЈА 1
ВАЛЕНСИЈА – ЛЕВАНТЕ
недела, 21.00 ч.
НАШИ ПРЕДЛОЗИ: КМБ 1Х&3+ и ГГ

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата