x

НАТПРЕВАР НА ДЕНОТ: Кардиф и Фулам во клинч за финале на плеј-офот

bartleybluebirdcardiffcityvfulhamfcb944j2qz2rol

По завршување на сезоната во Чемпионшип следуваат плеј-офите за последниот, трет патник во Премиер лигата. Синоќа Свонси со 1:0 го победи Брентфорд во едното полуфинале, а денеска е другото помеѓу Кардиф и Фулам. Да кажеме дека се играат два полуфинални натпревари, а подобрите ќе играат финале на Вембли.

Фулам го доби претходниот меѓусебен дуел во Чемпионшип со 2:0, а претходно во главниот град на Велс беше 1:1. Во главната рунда Фулам заврши на четвртото место, а Кардиф на петата позиција.

На Фулам му даваме предност за место во финалето, но да кажеме дека нема да им биде лесно во Кардиф затоа што овој клуб е меѓу петте најдобри домаќини во првенството. Имаше најмалку порази (исто колку лидерот Лидс) на својот стадион.

Канингем и Васел нема да можат да му помогнат на Кардиф за овој меч, додека кај Фулам ситуацијата е многу поволна.

Фулам го има Александар Митровиќ, најдобриот стрелец во Чемпионшип со 26 гола, додека начинот на Кардиф е тимска игра, па така најдобриот стрелец Ли Томлин има осум гола, но затоа ги имаат Хоилет, Ралс, Глацел, Ворд, сите со по седум погодоци.

Наши предлози се малку голови, па дури и реми за похрабрите кои сакаат да бркаат висока квота.

 

ЧЕМПИОНШИП – ПЛЕЈ-ОФ

КАРДИФ – ФУЛАМ
понеделник, 20:45 ч.
НАШИ ПРЕДЛОЗИ: 0-2 и КМБ Х2&0-3

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата