x

НАТПРЕВАР НА ДЕНОТ: Или 11. во низа, или збогум титуло

Менхенгладбах теоретски и понатаму е во трката за титулата, со три бода од одложениот меч со Келн „ждребињата“ се наоѓаат на само три чекори зад Баерн. Но целта број 1 и понатаму е Лигата на шампионите. Ситуацијата со Дортмунд е нешто поинаква, „милионерите“ имаат меч со Баерн и се надеваат дека можат да го престигнат. За да остане така и после овој викенд, мораат да победат во Менхенгладбах.

Дортмунд е восерија од четири победи, тимот е во добар момент и единствено што го оптеретува Лусиан Фавре пред ова дерби е фактот што веднаш потоа му доаѓа ЛШ и гостувањето кај Пари Сен Жермен. Менш нема такви грижи, може потполно да се посвети на мечот со истоимениот тим и тоа го става во полесна ситуација.

ГЕРМАНИЈА 1 – 25.коло

МЕНХЕНГЛАДБАХ – ДОРТМУНД
сабота 18.30
Шифра: 3016

НАШИ ПРЕДЛОЗИ
ВГ 2-3    2,25
КМБ 1+I&2+II    1,87
* Квотите подлeжат на промени

КОМПЛЕТНА ПОНУДА ЗА ОБЛОЖУВАЊЕ ЗА МЕЧЕВИТЕ ОД БУНДЕС ЛИГАТА

На Дортмунд му припаѓа фаворитската улога, меѓутоа не би требало да се залетувате со двојката. Дури ни ако сте запознаени со податокот дека веќе пет години „милионерите“ ги победуваат „ждребињата“ без разлика каде играат – десет натпревари и исто толку победи на жолто-црните.

Двата тима негуваат напаѓачки стил, играат на гол повеќе, а повторно, три од петте претходни натпревари завршија во рамките на 0-2 гола.

Ерлинг Халанд би требало да се врати меѓу стартерите после проблемите со стомачен вирус. Сите други се спремни. Дури и Јулијан Брант е фит по подолгата пауза. И Марко Розе може да смета на сите расположиви сили…

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата