x

НАТПРЕВАР НА ДЕНОТ: За спас на сезоната

До пред само неколку години се знаеше дека дуелот меѓу Арсенал и Манчестер Сити важеше за дуел за место во Лигата на шампионите. Меѓутоа времињата се променија. „Топчиите“ се до претходниот понеделник можеа да се „пофалат“ со серија од 64 дена без победа во Премиер лигата, а ништо подобро не поминуваат ни „граѓаните“, кои веќе на половина од декември заостануваат дури 14 бодови во однос на водечкиот Ливерпул.

АНГЛИЈА 1 – 17. коло

АРСЕНАЛ – МАН. СИТИ
недела 17.30
Шифра: 2014

ПРЕДЛОЗИ
КТ 2        1,50
Хeн. 2          2,05
* Квотите подлeжат на промени

Поради тоа претстојниот дуел на овие тимови слободно може да се гледа како меч кој значи спас за ужасната сезона. Победата на Арсенал би му овозможил колку-толку да се вклучи во борбата за пласман во Лига Европа, додека фудбалеритена Пеп Гвардиола би ги зацврстил на место кое води во Лигата на шампионите идната година. Засега потерата по Ливерпул изгледа како невозможна мисија… Меѓутоа никогаш не се знае…

Всушност, Арсенал како да е проклет против Манчестер Сити од заминувањето на Арсен Венгер. „Топчиите“ од 2016 година, па до сега имаат осум едноподруго натпревари без триумф над „граѓаните“, што е податок на кој секако треба да се внимава пред да се одлучите да го типувате овој натпревар. Треба да се спомене и тоа дека Сити ги доби последните пет натпревари против „топчиите“ и тоа секој пат барем со два гола разлика.

Земајќи ги во предвид формата на „топчиите“, двојката делува како сосема реална опција, а можете да пробате и со хендикеп победа која има одлична квота.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата