x

НАТПРЕВАР НА ДЕНОТ: Жозе против омилениот клуб и против ученикот

Жозе Мурињо како тренер на Тотенхем го изгуби првиот меч против еден од поранешните клуботи Манчестер Јунајтед. Сега ќе се соочи со вториот поранешен клуб, можеби и најголемата „островска“ љубов Челси со кого освои дури осум трофеја. Сега Челси е во рацете на Френк Лампард, а некогашниот ученик на Мурињо, кој ќе сака да се докаже пред учителот и притоа да стави крај на лошиот период почнат пред пет кола.

АНГЛИЈА 1 – 18.коло

ТОТЕНХЕМ – ЧЕЛСИ
Недела, 17.30
Шифра: 2019

Наши предлози
КТ           1              2,60
КМБ      1& 3+    3,40
* Квотите подлeжат на промени

„Сините“ во тој период ја победија само Астон Вила, а ги изгуби сите други натпревари, па ако и Тотенхем им земе мерка ќе скокне пред нив на табелата иако пред нешто повеќе од еден месец Челси имаше 12 бодови предност во однос на Хари Кејн и другарите. Основна причина за ваквите осцилации лежи во фактот дека Лампард на клучните позиции има млади и исклучително талентирани, но неискусни фудбалери кои досега не се нашле во ситуација да се борат за трофеи и често играат аткрактивно меѓутоа без вистински ефект (шанси и голови).

И додека дружината од „Стемфорд Бриџ“ тргна низ брдо, Тотенхем од доаѓањето на Мурињо тргна да се движи по нагорна линија и освен споменатиот дуел на „Олд Трафорд“ ги доби другите четири натпревари, со што ја врати самодовербата. За разлика од Челси, ривалот од северен Лондон лесно создава и ги користи шансите и реално е овој, како и претходните 13 првенствени дуели, да донесе 3+ голови веројатно и ГГ3+.

Секако, топката од мрежата би требало почесто да ја вади голманот на гостите Кепа Аризабалага, кој и самиот не е на висината на задачата. Заклучок: единицата е реална, а можете да ја споите со 3+ или ГГ3+.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата