x

НАТПРЕВАР НА ДЕНОТ: Динамо има проблеми во одбраната, тоа е шанса за АЗ Алкмар

mec-na-denot

Вечерва почнува третото квалификациско коло во Лигата на шампионите, а на програмата се три натпревари. Ние го одбравме дуелот Динамо Киев и АЗ Алкмар како најинтересен од вечерашните натпревари.

АЗ го порази Плзен со 3:1 на патот до ова коло и сега е на два меча до групната фаза во ЛШ. АЗ не играше викендов во холандската прва лига затоа што нивниот меч со Утрехт беше одложен за да добие повеќе време за подготовка за дуелот со Динамо кој ќе се игра во Киев.

А на Динамо овој меч му доаѓа во незгоден момент. Во првенството одигра 0:0 на свој терен против Десна, плус има доста проблеми во составот, плус се бори да урне негативна серија – не успеал да стигне до групите на ЛШ од 2016 година.

Динамо има проблеми со дефанзивниот ред, поради повреди во аут се Александар Тимчук, Микита Бурда и Денис Попов. Неизвесен е централниот бек Артем Шабанов кој штутуку се врати на тренинзи и прашање е колку е спремен.

Кај АЗ единствено ќе го нема новото засилување Јеспер Карлсон.

Динамо Киев е мал фаворит поради домашниот терен, но АЗ е во добро расположение, посебно по онаа одлична победа над Плзен. Со оглед на проблемите во Динамо би можел да ја затресе мрежата на домашните.

Победникот ќе оди во следното коло на мегдан со подобриот од Гент-Рапид Виена, а поразениот во Лигата на Европа.

 

ЛИГА НА ШАМПИОНИ

ДИНАМО КИЕВ – АЗ АЛКМАР
вторник, 19:00 ч.

НАШИ ПРЕДЛОЗИ: ГГ и КМБ 1Х&3+

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата