x

НАТПРЕВАР НА ДЕНОТ: Да се биде или не за Милан

Коронавирусот ја парализира Италија повеќе од три месеци, а бројот на жртви на Апенинскиот полуостров покажа дека можеби требаше да се реагира порано, посебно кога се работи за масовните собирања како што се фудбалските натпревари. Меѓутоа, животот пополека се враќа во нормала, а што се однесува до најпопуларната игра на светот мразот би требало да го скршат двата најтрофејни клубови во оваа земја – Јувентус и Милан.

Во прашање е полуфиналето на Купот, а првиот меч заврши без победник (1:1). „Росонерите“ не можат да се надеваат на некој позначаен резултат во првенството, кое продолжува идниот викенд, па Купот е единствена шанса да направат нешто оваа сезона. Јувентус ја држи лидерската позиција во Серија А, но на вториот Лацио му бега само бод, па Купот не му е во прв план. Меѓутоа тоа не значи дека е спремен да му го препушти пласманот во финалето на големиот ривал.

ИТАЛИЈА – Куп
(полуфинале, реванш)

ЈУВЕНТУС – МИЛАН
Петок, 21.00
Прв натпревар 1:1
Шифра: 1001

Наши предлози
КТ           1              1,55
ВГ           2-3          1,95
* Квотите подлежат на промени

СИТЕ КВОТИ ЗА НАТПРЕВАРОТ ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ ОВДЕ

Пред принудната пауза во медиумите се појави информација за несогласувања во соблекувалната на „Старата дама“, а и самиот тренер на домашните Маурицио Сари јавно го искажа незадоволството кон некои играчи за нивната слаба игра. Но, од тогаш помина многу, пред црно-белите е напорен период (им остана и ЛШ) и веруваме дека се „испеглани“ тие недоразбирања.

Сари нема да може да смета на Мерих Демирал и Гонзало Игуаин, кои пред неколку дена се повреди на тренинг, додека Пауло Дибала призна дека не се чувствува спремен затоа што долго време се опоравуваше од коронавирусот. Тренерот на Милан Стефано Пиоли нема да смета на Златан Ибрахимовиќ поради повреда. Квалитетот е на страната на „зебрите“, а покрај единицата очекуваме и 2-3.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата