x

НАТПРЕВАР НА ДЕНОТ: „Граѓани“ го освојуваат „Тетарот на соништата“

Бодовите од манчестерското дерби најмногу му се потребни на Јунајтед, но поквалитетниот и покомплетниот Сити ја сака четвртата едноподруго победа на „Олд Трафорд“ за да ја одржи добрата атмосфера до реваншот од осминафиналето на ЛШ со мадридски Реал.

Јунајтед и Сити влегуваат со различни мотиви во 162. првенствено градско дерби. „Црвените ѓаволи“ избија на петтата позиција во Премиер лигата, која би требало да води во Лигата на шампионите во случај Меѓународниот спортски суд во Лозана ја потврди двегодишната суспензија која УЕФА им ја изрече на соседите поради финансиски малверзации. Меѓутоа, избраниците на Оле Гунар Солскјер до крајот на сезоната ќе водат жестока битка со уште три заинтересирани страни – Вулверхемптон кој е зад нив поради полошата гол-разлика, потоа Тотенхем и Шефилд Јунајтед, со тоа што момците од градот на челикот имаат натпревар помалку.

АНГЛИЈА 1 – 29.коло

МАН. ЈУНАЈТЕД – МАН. СИТИ
недела 17.30
Шифра: 2021

Наши предлози
КМБ      2& ГГ     2,85
ТГГ          ГГ3+       1,90
* Квотите подлeжат на промени

Поради тоа победата над Сити би им значела и во морален смисол затоа што би им внела самодоверба во пресрет на клучните натпревари, а фактот дека во изминатите три месеци славеа на два од трите меѓусебни средби им дава право да се надеваат на најдоброто.

Што се однесува до „граѓаните“, исходот од дербито не би влијаел на нивната положба бидејќи водечкиот Ливерпул стекна недостижна предност, додека третиот Лестер се повеќе заостанува зад нив. Притоа, споменатата казна дополнително им ја уби заинтересираноста за случувањата во првенството, но од друга страна им овозможува да се посветат на потерата за другите трофеи, со акцент на Лигата на шампионите (Лига купот веќе е во нивни раце). Но, градско дерби е градско дерби и нема простор за опуштање, а менаџерот на актуелниот шампион Пеп Гвардиола ќе го искористи него, и претстојните мечеви со Арсенал и Барнли за да ја одржи екипата во полн натпреварувачки ритам до реваншот од осминафиналето на ЛШ со Реал на 17 март.

Би рекле дека Јунајтед оваа сезона е поуспешен од Сити, но оној еден триумф небесносините го впишаа на „Олд Трафорд“. На шест од претходните седум меѓусебни дуели имаше двојки, па кристално е јасно дека домашниот терен не игра значајна улога. Кога е во прашање кадровската ситуација, Гвардиола има помала главоболка од норвешкиот колега и неговиот единствен проблем ќе биде отсуството на повредениот стопер Емерик Лапорт (Лирој Сане одамна е вон стројот). Солскјер, повторно, има лимитирани опции во нападот: Рашфорд е во аут, а прашање е дали Марсијал, кој во последно време беше ефикасен, заздраве комплетно од повредата на задната ложа која го мачи веќе десеттина дена.

Повеќе фактори укажуваат на двојка, но реално е да има и голови на двете страни, па бирајте или комбинирајте (2&ГГ, ГГ3+).

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата