x

НАТПРЕВАР НА ДЕНОТ: Го суредија Реал, сега на ред е Интер!

mec-na-denot-4

Шахтјор Доњецк приреди огромно изненадување во 1. коло од Лигата на шампионите со победата над Реал Мадрид и тоа во главниот град на Шпанија. Украинскиот шампион допатува во Мадрид без 10 играчи кои беа во изолација поради коронавирус но и таков десеткуван успеа да го собори 13-кратниот европски првак.

Вечерва во 2. коло ќе се соочи со уште еден гигант на европскиот фудбал, поранешниот европски шампион Интер. Но сега „Рударите“ ќе играат на Олимпискиот стадион во Киев. Интер во првото коло спасуваше жива глава против Менхенгладбах во Милано. Во финишот успеа да спаси бод (2:2). Во меѓувреме Интер ја совлада Џенова со 2:0 во Серија А, додека Шатхјор одигра само 1:1 со Ворскла во домашното првенство.

Тренерот на Шахтјор Сергеј Ребров одмараше дел од првотимците токму за следниот предизвик во Лигата на шампионите. Украинската екипа ќе се обиде да му го нанесе првиот пораз на Интер во четвртиот меѓусебен дуел, а воедно да му се одмазди на „нероаѕурите“ за елиминацијата во полуфиналето на Лига Европа минатата сезона кога беа демолирани со 0:5.

Спремни сме за Интер. Тренерот ни кажа што да правиме за да го победиме миланскиот тим. Ќе биде тежок натпревар, меѓутоа не толку напнат како во полуфиналето од Лига Европа. Ќе се обидеме да победиме“, вели напаѓачот Дентињо.

Шахтјор ќе нема помош од неколку играчи кои не се спремни или се во изолација: Исмаили, Конопљанка, Коваленко, Кривцов и Мораеш.

Интер ќе игра без Шкринијар, Весино, Раду, Санчез и Гаљардини. Под прашалник е Стефано Сенси.

 

ЛШ – 2.КОЛО

ШАХТЈОР – ИНТЕР
вторник, 21:00 ч.

НАШИ ПРЕДЛОЗИ: ГГ или КМБ 1Х&ГГ

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата