x

НАТПРЕВАР НА ДЕНОТ: Астон Вила му е омилен „пациент“ на Њукасл

Со мечот помеѓу Астон Вила и Њукасл ќе се комплетира 13.коло во англиската Премиер лига. Астон Вила во овој натпревар влегува по три едноподруго првенствени порази и се наоѓа веднаш над опасната зона. Алармот е вклучен и се бара начин да се подобрат резултатите и да се почне да се плива кон горниот дел на табелата. Њукасл е некаде на средината и влегува нешто порасположен со оглед дека има две победи по ред. Ако победи и на „Вила парк“ црно-белите ќе нанижат три победи по ред за првпат по ноември 2018.

АНГЛИЈА 1 – 13.коло

АСТОН ВИЛА – ЊУКАСЛ
понеделник, 21.00 ч.
Шифра: 2026

ПРЕДЛОЗИ
ВГ 0-2    1,85
КТ Х       3,30
* квотите подлежат на промени

СИТЕ КВОТИ ЗА НАТПРЕВАРОТ ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ ОВДЕ

Што да се типува на овој меч? Дали да се потпреме на традицијата или да ја занемариме? Традицијата вели дека Астон Вила нема победа во шест лигашки натпревари против Њукасл, со тоа што последниот дуел на „Вила парк“ го одиграа 0:0. Всушност Њукасл не е поразен на 12 првенствени натпревари против Астон Вила или од поразот на „Вила парк“ во април 2011 (1:0). А се вкупно гледано Астон Вила му е омилен пациент на Њукасл затоа што црно-белите имаат 22 победи во 44-те пресметки во Премиер лигата. Против ниту една друга екипа четата од северот нема подобар скор од овој.

Седум од претходните девет голови на Њукасл ги постигнаа дефанзивци.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата