Му честитам на Џо Бајден на неговиот избор за следен претседател на САД и на Камала Харис како потпретседател. Го познавам Џо Бајден како силен поддржувач на нашата Алијанса и со нетрпение очекувам да работиме тесно со него. Силното # НАТО е добро и за Северна Америка и за Европа, пишува на Твитер генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Во честитката понатаму стои:

Заедно, сојузниците на НАТО претставуваат скоро една милијарда луѓе, половина од светската економска моќ и половина од светската воена моќ. Потребна ни е оваа колективна сила за да се справиме со многу предизвици со кои се соочуваме, вклучително и понаметлива Русија, меѓународниот тероризам, сајбер и ракетни закани и промена на глобалниот баланс на силите со подемот на Кина. Можеме да бидеме сигурни и успешни само ако се соочиме заедно со овие предизвици.