Наташа Беквалац сакајќи да ја испроба новата машина за перење алишта, убаво ја здрмала струја оти не знаела дека продолжниот кабел преку кој го приклучила уредот не бил исправен. Пејачката деновиве била во фаза на купување нови електрични уреди и бела техника за новиот стан. Па поради тоа што сакала сама да го направи распоредот на елементите, а некои штекери за струја не биле распоредени во склад со нејзините потреби била приморана да користи продолжни кабли. Но, се воспоставило дека еден од каблите бил со лош квалитет, па откако ја вклучила машината за перење преку него, и покрај целата зашита на уредот, ја удрила струја.

“Вресна, а струјниот удар ја фрли на земја”, изјавила блиска пријателка на пејачката кој заедно со останатите пријателки кои биле во моментот во станот дотрчале до пејачката за да и пружат помош, а потоа сите слатко се изнасмеале.

И покрај претрпениот страв Наташа не престана да се смее. Изгледа дека сега си направи дополнителен проблем и со инсталацијата во тој дел од станот. А бидејќи некои жици изгореа, беше приморана да повика електричар”, завршила соговорничката.