Како што пишуваат српските медиуми, наводно Наташа одлучила својот луксузен имот да го издава за венчавки, родендени, прослави, а оваа луксузна вила ќе им биде достапна на сите оние кои ќе посакат да го поминат викендот далеку од гужвата во Белград.

На овој чекор, Наташа се одлучила пред неколку месеци, па се договорила со една агенција да ја издава нејзината вила за 1 000 евра од ден.

Земајќи предвид дека поради школувањето на постарата ќерка Хана ќе треба да се пресели во Белград, популарната пејачка планира својот дом на имотот во Ченеј, во близина на Нови Сад да го издава.

„Сите беа многу изненадени кога Наташа им кажа дека сака да ја издавата вилата во која вложи многу пари. Но, кога на членовите на семејството им соопшти дека од септември ќе се пресели во Белград каде што Хана ќе ја запише во едно интернационално училиште, а Катја во градинка, сите ја поддржаа нејзината идеја“ вели извор и додава:

„Агентите веруваат дека ова ќе биде добар маркетинг. Посебно ќе им биде интересно на фановите на поп ѕвездата да се одмараат во нејзината куќа и да зборуваат како спиеле во креветот на Наташа“.

Пејачката не ги коментираше овие пишувања, но на својот „Инстаграм“ најави дека работи на нов проект, но не сакаше да открие повеќе детали.

Имено, иако Ната често истакнува дека слабо штеди пари и затоа често е пред банкрот, сепак никако да банкротира, а изгледа има многу добар слух за деловни потези.

Раскошниот дом на Наташа Беквалац привлече големо внимание на социјалните мрежи. Го красат голем двор, базен и модерно уредени соби.

Поседува три бањи, 6 спални соби, две пространи дневни соби и голема кујна. Капацитетот е за 16 лица, а добредојдени се и домашни миленичиња. Пејачката го издава и на еден ден, со или без преспивање.