Пејачката Наташа Беквалац неодамна вплови во нов бизнис. Имено, пејачката одлучи својот голем имот во ченеј да го издава, а деновиве времето го минува по состаноци и договора со агенти за изнајмувањето на просторот.

Иако на почетокот околу целата оваа приказна за издавање требаше да се бави една од сестрите Беквалац, Наташа одлучи да пронајде агент кој што ќе води сметка за нејзиниот дом кој што се наоѓа во близина на родниот град. Сфати дека луѓето во последно време се почесто патуваат во Србија, со оглед на тоа што границите се затворени, па дојде до идеја да го издава имотот кој што има капацитет за околу 20 луѓе да преспијат во куќата. Целиот имот се наоѓа на 3.500 метри квадратни површина, а самата куќа има 400 m2. За имотот и гостите ќе се грижи посебен агент, открил близок извор на пејачката.

-Долго време размислуваше дали е паметно да се отсели од куќата и да се пресели во станот во Нови Сад. Станот во Белград во кој живееше сега е дом на нејзината сестра Кристина, додека недвижнината во Нови Сад која ја издаваше со години сега реши да ја направи свој нов дом. Верува дека со овој бизнис дополнително ќе ги зголеми приходите, но затоа нема да може да ужива на базен со оглед на тоа што недвижнината веќе е ставена на оглас, додал изворот.