Натали Глебова-новата Мис Универзум
Убавицата на Канада Натали Глебова, 23-годишна бринета со сини очи е прогласена во Бангког за Мис на Универзум 2005 година, победувајќи ги соперничките од Латинска Америка и Карибите. Девојката која е родена во Русија, а на 12 години емигрирала во Торонто, ја наследи круната од Австалијката Џенифер Хакинс. Ми се чини дека се пребрзо се случува и не ми се верува дека победив”- им изјавила на новинарите новата Мис Универзум, мафтајќи со знамето на својата земја. Канаѓанката сака да спортува на отворено, по занимање е манекенка. Жирито ја избра меѓу 81 девојка од целиот свет. Второто место го зазеде мисицата на Порторико, Синтија Олаварија. Жирито додели и неколку посебни признанија: за најдобар национален костум Мис Тајланд, за фотогеничност Мис Филипини.