x

НАСМЕВКИ НА „ЧАИР“: Турскиот спонзор замина од Челик – ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ШКУПИ!

Во екот на пандемијата и големата фудбалска пауза се случуваат и административни чистки, разделби и проблеми. Таква една се случува во Зеница каде турскиот спонзор објави дека ја прекинува соработката со фудбалскиот клуб Челик. Компанијата “Хан Груп“ најави дека биле измамени во обидот да станат сопственици на 70% од клубот иако изминативе години биле силен спонзор на екипата.

“Разбрав дека ние воопшто не поседуваме 70% од управувачките права врз клубот. Јас сум доведен во заблуда и измамен. Поединци во клубот прекриле многу точки од договорот и ја злоупотребиле мојата доверба. Јас и мојата компанија се повлекуваме од Челик“, изјави Ајдин Олгун кој воедно е и претседател на ФК Шкупи.

Групацијата „Хан Груп“, под своја капа поктај Челик и Шкупи ги имаат и екипите на Болуспор (Турција), и Вестерло (Белгија). Ајдин Олгун веќе три години спонзорите и во екипата од „Чаир“ каде со насмевки ги следат случубањата во БиХ и заминувањето на нивниот спонзор од екипата на Челик.

Да се потсетиме дека неколку играчи во минатото и тренери токму од Челик дојдоа во Шкупи. Со одењето на турците од Зенита тоа значи дека сега ќе има повеќе пари за Шкипи. На тимот од „Чаир“, не му оди баш најдобро во оваа сезона.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата