x

Насмевки кај „Граѓаните“: Го победија Лестер и се вратија во шампионската трка

Манчестер Сити го победи Лестер во дербито на 18. коло и се врати во трката за шампионската титула во Премиер лигата. „Лисиците“ имаат четири бодови предност пред дербито на „Етихад“, но актуелниот шампион одигра фантастично иако прими гол па мораше да брка дефицит. Џејми Варди ги доведе „лисиците“ во водство на стартот на мечот, но изедначи Ријад Марез со одличен гол.

Пред крајот на првото полувреме Гундоган од пенал направи пресврт за во второто полувреме Габриел Жесус да погоди и да го отпише ривалот од шанси за бодови на овој натпревар. Сити му се доближи на Лестер на еден бод.

Интересно е што Жесус го постигна првиот гол сезонава на „Етихад“. Сите претходни 14 голови му беа на гостински терени.

 

Standings provided by Sofascore LiveScore

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата