Наскоро крематориум во Атина
Атинскиот градоначалник Никитас Какламанис најави дека наскоро ќе биде изграден крематориум на централните гробишта во грчката престолнина. По најавата на Какламанис следеа остри реакции на високи претставници на Грчката православна црква, кои предупредија дека свештениците нема да вршат погребни обреди во крематориумите.
“Секој граѓанин има право да избира дали да биде погребан или кремиран”, рече Какламанис, додавајќи дека грчкиот Парламент изгласал минатата година закон со кој била укината забраната за кремирање на починатите.Тој изјави дека ќе биде формирана комисија со учество и на претставник на црквата, која ќе ги разгледа деталите за изградба на крематориумот на централните гробишта во Атина.
Во недостиг на таков објект, кремирањата на Грците се извршуваа во соседна Бугарија, каде што тамошната православна црква нема негативен став кон таквиот обред. Целата процедура чини околу 5.000 евра.