Американската НАСА соопшти дека ќе дозволи приватни лица да ја посетуваат Меѓународната вселенска станица.

Наведено е дека првата посета ќе биде на почетокот на следната година.

НАСА ќе наплаќа храна, сместување и комуникација на станицата, а тие трошоци би изнесувале околу 35 илјади долари дневно.

НАСА наведе дека засега ќе дозволува посета на двајца гости во годината.

Приватните астронаути ќе мора да ги исполнуваат сите медицински услови.

извор: Makfax