На својот фејсбук профил потпретседтелот на ВМРО ДПМНЕ Александар Николоски напиша:

Вчера имав прекрасен ден во Струмица, а денес во Гевгелија, илјадници луѓе очекуваат и ќе донесат обнова на Македонија! Знам дека и Заев знае за тоа. Стига аберот брзо и добар и лош.

Заев во напад на паника од извесниот пораз очајно вели дека ќе ме згазел во Струмица. Некој сигурно ќе биде згазен, а тоа нема да сум јас… Она што исто така е сигурно е дека народот ќе го згази Заев на 15ти јули заради сите понижувања, криминал и неправди кои му ги нанесе!