Народот на денешните блокади пред Влада му остави “подарок“ на Зоран Заев.

На премирот тие му оставија тоалетна хартија, порачувајќи му дека треба да ја искористи за да си го избрише срамот од изјавите во преговорите со Бугарија.

Народот предводен од опозицијата излезе преку ден на блокади во центарот на Скопје, додека вечерва се протестира во 15 македонски градови. Пораките кои граѓаните му ги испраќаат на Заев се дека тој мора да си поднесе оставка и дека на Македонија и нанесува само штета и порази.

Време е граѓаните на Куманово, Македонска Каменица, Пробиштип, Делчево, Пехчево, Берово, Виница, Радовиш, Валандово, Дојран, Велес, Кавадарци, Прилеп, Битола и Охрид да се обединат против злото наречено Зоран Заев и СДСМ.

 Продолжуваме заедно со народот во битка за одбрана на честа и достоинството на македоската држава и македонскиот народ. Нема да дозволиме понижување и распродажба на државните и национални интереси, и токму затоа сите заедно сплотени, во масовен број ќе испратиме порака дека Зоран Заев и СДСМ мора да заминат час побрзо бидејќи на Македонија и донесоа само порази и неуспеси, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ