Боливијците отфрлија уставна реформа предложена од претседателот Ево Моралес со која тој можеше да управува со државата и во четврти мандат (од 2020 до 2025). Тоа се вели во податоци по пребројување на 99 отсто од гласачките ливчиња на референдумот.

Властите вчера соопштија дека гласачите ја отфрлиле реформата со 51,33 отсто. Тоа е прв изборен пораз на Моралес од стапувањето на функција во 2006 година.