ВМРО-ДПМНЕ предлага уставна измена за името на Народната банка на Република Македонија. Ова се вели во вчерашното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ во кое се тврди дека ова име влече корени од монобанкарскиот систем којшто кај е нас напуштен пред повеќе децении, и исто така има своја одредена идеолошка позадина која припаѓа на централно плански стопанства и комунистичките, односно социјалистичките државни уредувања од минатото. Предлогот за новото име на Народна банка на Република Македонија со кој ќе настапи ВМРО-ДПМНЕ е Национална банка на Република Македонија или варијантите Централна банка на Република Македонија, односно Банка на Република Македонија.