Обвинителката Фатиме Фетаи за ТВ24 потврдува дека денеска била известена за наредба за претресување на сите вработени во СЈО. На влегување била запрена од полицаецот кој се повикал на наредба од шефицата Катица Јанева, дека сите вработени ќе бидат претресувани пред да влезат и излезат. Фетаи се спротивставила на оваа одлука.

  • Јас сум обвинителка која работи во оваа институција веќе четири години, а не осомничена за да ме претресуваат на секое влегување и излегување. На враќање од паузата околу 13 часот ме застана полицаецот и соопшти дека не можам да влезам без да бидат извршени проверки во мојата ташна. Тој се повика на наредба која денеска била дадена од шефицата Катица Јанева.

Информации од СЈО се дека и на уште еден обвинител кој утрово дошол на работа му било кажано истото. Но, официјално Катица Јанева преку прес службата вели дека таква наредба не пуштила.

Неофицијално, Јанева денеска на рака ја примила и поканата за распит од обвинителството за организиран криминал за следната недела.

Извор: 24.мк