Пушењето наргиле е се по попоуларно и сите оние кои посетуваат егзотични наргиле барови, сигурно барем еднаш се запрашале колку наргилето е штетно за плуќата.

Поединци тврдат дека наргилето е чиста водена пареа, некои дека е еднакво штетна како цигарите, додека трети сметаат дека пет до седум пати е поштетно од тутунов дим.

За да не размислувате што од трите понудени се точни одговори, во продолжение ви нудиме што е потребно да знаете.

Наргила, е оријентално луле, или шиша како што многумина ја нарекуваат, води потекло од Индија, а принципот на изработка до денес останал ист. Она што е карактеристично е што секое луле е со ситни детали кои се направени внимателно, и ѝ даваат оријентален дух.

Во наргилети димот поминува низ вода, поради што е помалку остар, со што оној кој го конзумира во своите плуќа внесува многу поголема количива и длабоко го вдишува отколку со обично пушење.

Спрема истражувањата на СЗО, еден час конзумирање наргиле е еднакво на 100-200 испушени цигари. Оваа бројка зависи од од начин на пушење наргиле, вовлекување дим и задржување во просторија кад што се конзумира наргиле.

Поради резултатите од тие истражувања, совет на лекарите е да водете сметка за количината и честото користење наргиле, бидејќи прекумерното користење наргиле е штетно.

Ако водите сметка за умерено користење, пушење наргиле може да биде пријатно искуство бидејќи уживате во сите нејзини магии, кои се примамлви, вкуски и богати.

Останува на вас да ја одберете омилената арома, да одберете омилено наргиле и да се препуштите во уживање.