Нарачка преку фиксен број 186
“Македонски телекомуникации” од денеска воведува нов модифициран и современ процес и доставување телеграми за корисниците. Граѓаните ќе можат да нарачаат телеграма преку фиксниот телефонски број 186 или директно во продажните места на Телеком. Притоа, пред приемот на нарачката за телеграма, корисникот ќе биде информиран за времето и цената на доставувањето.
Како што соопштуваат од “Македонски телекомуникации”, цената за прием и доставување на телеграмите остануваат непроменета и изнесува 150 денари плус 0,15 денари за збор. Нема измени во начинот на прием и праќање на меѓународните телеграми. Цените се различни во зависност од тоа во која зона се наоѓа земјата.(С. Бл.)