Енда жена решила на својот брат за 30. роденден да му нарача торта која ќе биде асоцијација на неговата љубов кон риболовот. Преку Фејсбук контактирала жена која прави торти и и испратила фотографија според која таа требала да го изработи изненадувањето.

Но кога стигнала нарачката и кога таа ја отворила кутијата, не верувала што гледа – тортата изгледала како деца да си играле со неа. 

– Со ќерка ми почнавме да се смееме кога видовме што стигна. Веднаш фотографијата ја ставив на Фејсбук и видов дека и други го имаат истото мислење. Се обидов да ја контактирам жената од која ја нарачав, но таа ме блокираше и ја избриша страницата, рекла жената која останала без роденденско изненадување за братот.