x

Наполи тргна по потписот на новиот Кавани

Не само Осимен. Во Наполи интензивно се работи на доведување нови имиња во нападот, овој пат и со значително подмладување на тимот за следната сезона.

Според информациите на „Калчомеркато“, меѓу фаворитите за потпис со наполитанците е Дарвин Њуњез, уругвајски репрезентативец кој има само 21 година.

Њуњез е сопственост на Алмерија, клуб кој игра во шпанската втора дивизија, а за него велат дека во многу нешта потсетува на неговиот сонародник едисон Кавани. Играчот е проценет на 20 милиони евра, а Наполи допрва треба да почне со преговори со шпанскиот клуб.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата