x

Наполи го откупи Бакајоко, а сега го сака и Емерсон

emerson

Наполи и Челзи експресно се договорија за трансферот на Темуе Бакајоко во јануарскиот преоден рок за цената од 18 милиони евра, меѓутоа челниците на клубот од Неапол сакаат уште еден фудбалер на лондонскиот клуб – Емерсон Палмиери.

Спортскиот директор Кристијан Џунтоли се распрашувал за италијанскиот репрезентативец и добил позитивни сигнали од Челзи. Лондонскиот клуб се расположени за преговори за трансфер на Емерсон во Наполи со оглед дека конкуренцијата на бековската позиција е голема.

Емерсон досега одигра 150 минути во сите натпреварувања што е премалку, а во Премиер лигата се уште го чека првиот настап. Тоа е јасен знак дека Лампард во предвид го има Бен Чилвел во однос на Италијанецот.

Наполи го сака Емерсон прво на позајмица, а потоа да има можност да го откупи неговиот договор.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата