x

Наполи ги откри имињата позитивни на Ковид-19, Елмас не е меѓу нив

napoli-1

Наполи ги потврди двата случаеви на Ковид-19 во своите редови. Вторите тестирања во редовите на тимот за кого настапува македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас донесоа лоши вести.

Добра вест за нашиот најдобар национален тим пред дуелот со Косово е што меѓу позитивните не е Елмас. Станува збор за фудбалерот Пјотр Зјелински и член на стручниот штаб, Џандоменико Кости.

Според протоколите, Наполи ќе направи трето тестирање, по кое ќе биде позната целата слика за клубот и играчите.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата