x

Наполи вечерва во чест на Марадона ќе настапи во специјални дресови!

napoli-dres

Неапол не престана да плаче за фудбалскиот БОГ, Наполи не престана да плаче за својот најсакан фудбалски син. Марадона замина, го нема веќе со нас, а во негова чест Наполи вечерва против Рома, во дербито на Серија А, ќе настапи со специјално дизајниран дрес. Во договор со спонзорот “Капа“, наполитанците ќе играат во сино – бел дрес, нешто сличен како оној на репрезентацијата на Аргентина.

Дресот ќе биде комбинација од Наполи и Аргентина, а клупскиот грб ќе биде во црно.

Интересно е што овој дрес е дизајниран пред година дена, планот беше со овој дрес Наполи во чест на Марадона да се обединат Наполи и Аргентина, но за жал Марадона никогаш не успеа да го види.

Супер гест на Наполи, кој се разбира најмногу жали по својот најсакан син.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата