x

Напаѓачот Ндуе Мујеци ги засилува „пандевци“!?

Ндуе Мујеци (26), офанзивец од Албанија има големи шанси да биде зимско засилување во редовите на А. Пандев. Како што пишуваат медиумите во Бугарија, инаку тој е екс фудбалер на Пирин и Динав Русе, во моментов се воделе интензивни преговори меѓу А. Пандев и Мујеци.

Кога сме кај самиот Мујеци, да споменеме дека тој е роден во Скадар – Албанија, а има играно и за екипите на Влазнија, Ада, Сабуртало, потоа во клуб во Хонг – Конг и два клуба од турскиот дел на Кипар. 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата