Властите на Крим ја истражуваат можноста дека напаѓачот на колеџот во Керч, кој уби 21 лице и рани 43, имал соучесник во нападот. Иако првично беше објавено дека студентот Владислав Рослјаков, сам го извел нападот, властите веруваат дека можеби некој му помогнал во подготовката на нападот.

Според портпаролот на рускиот Национален комитет за борба против тероризам, Валерија Кислјева, Рослјаков го интересирало правењето бомби од домашно производство и за тоа се фалел пред блиските пријатели.

Бројот на жртвите од нападот се искачи на 21, јави ТАС С. Поради трагичниот настан, прогласена е тридневна жалост.

Рослјаков се прекачил преку оградата на колеџот, пукајќи во студентите пред да се убие. Властите соопштија дека случајот се води како масовно убиство, а не како тероризам.

извор: Makfax