Според „Индепендент“, напаѓачот е уапсен, а неговите мотиви не се познати. Жртвите се полесно повредени и моментално се во болница.

Непознат напаѓач  утрово околу 8:30 часот со нож повредил еден наставник и тројца други вработени во училиштето во норвешкиот град Осло, објави полицијата.

Напаѓачот е уапсен, а неговите мотиви не се познати.

Жртви се вработени во училиштето „Бринсенг“ во источниот дел на градот. Сите се полесно повредени и во моментов се во болница.

Полицијата почна истрага со сведоци.

Засега училиштето не сака да го коментира инцидентот.

извор: Makfax