Осум лица се киднапирани, а едно е повредено за време на вооружениот напад врз грчки танкер закотвен крај брегот на Камерун, соопштија денеска грчките власти.

Грчкото министерство за бродарство објави дека танкерот наречен „Среќна дама“ се наоѓал на две наутички милји од пристаништето Лимбо во Камерун, кога бил нападнат.

Киднапирани се пет Грци, двајца државјани на Филипини и еден Украинец, а еден грчки државјанин е повреден, соопшти Министерството.

На танкерот имало екипаж од 28 члена.

извор: Makfax