Вработени во угостителски објект на булеварот „Борис Трајковски“ во Скопје, биле нападнати од страна на А.К.

Како што информираат од полицијата,  според пријавеното, нападнати се 35-годишен скопјанец (Г.С.)  и неговата колешка (В.М.).

А.К. со остар предмет нанел повреда на раката на жената, по што со возило ги удрил двајцата колеги во пределот на нозете.

МВР презема мерки за расчистување на случајот

извор: Makfax